Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Богдановиќ ја укина целодневна настава до петто одделение во некои училишта, а таа е повеќе од потребна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Vasko-Robovaliev

Премина во навика децата и родителите во Општина Центар секој септември да се соочуваат со проблеми.

— реклама —

Додека во соседните општини се воведува целодневна настава до петто одделение со цел да им излезат во пресрет на родителите, Саша Богдановиќ и одговорните одлучија истата да биде укината во некои од училиштата во Општина Центар, истакна Васко Робовалиев од ВМРО ДПМНЕ.

Иако овој начин бил воведен и се практикувал повеќе од 30 години од причина позната само на Богдановиќ и останатите ваквиот начин се укинува за петтите одделенија. Иако според наши информации до општина Центар биле доставени барања со потписи од сите родители за продолжување на истиот начин на работа како и досега.

— реклама —

Почитувани,

Целодневната настава е реална потреба на родителите.

Одговорните во Општина Центар треба да се свесни во какво општество живееме.

Неблагодарно е да си го толкувате законот така како што вам ви одговара.

Затоа OK на Центар ВМРО-ДПМНЕ апелира повторно да се преиспитаат одлуките и да се овозможи непречено одвивање на наставата во училиштата на територија на Општина Центар.

Понудениот дневен престој е опција но не мора да биде решение.

Нашите деца заслужуваат квалитетно образование и грижа но исто така заслужуваат да имаат основни услови за реализација на основното образование, истакна Робовалиев.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања