Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Македонија
market-pari

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог. Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%.

Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок.

— реклама —

Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%.

— реклама —

Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот.

Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго.

— реклама —

А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта банка ги демаскираа лагите, затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Македонија | пред 4 дена

media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања