Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на работници во индустријата е за 2,5% помал од истиот период лани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
metalni-rabotnici
Фото: Илустрација

Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани  едвај врзуваат крај со крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година.

— реклама —

Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%.

Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата.

— реклама —

Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво.

— реклама —

Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања