Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО ДПМНЕ: Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Случајот „Рекет“ е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија.  Јасно е дека власта не можела да работи ништо друго бидејќи цел мандат нивните функционери наместо да носат инвестиции пиеле кафе со Боки 13.  Наместо натпревар кој повеќе проекти ќе направи имало натпревар кој повеќе слики ќе има со Боки 13, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива луѓето од власта.

— реклама —

Иако спомнат од жртвите во „Рекет“, Вилма Русковска не најде причина да го повика Оливер Спасовски на распит и да го праша зошто не постапил кога цел јавност знаеше дека Боки 13 функционира криминално. Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“.

Наместо да се насочи кон организаторите и функционерите кои му дале моќ на Боки 13 да рекетира бизнисмени повеќе една година и никој да не смее да го пријави, Русковска го затвори случајот со извршителите.

— реклама —

Бегањето од правдата нема да трае уште многу. По 12 април ќе има комплетна одговорност за сите кои се огрешиле кон законите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања