Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Цената на горивата во период од две недели се зголеми за над 10 денари, по директно барање на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денес нема да излезе во јавност ниту Коста Петров ниту Заевиот советник Битиќи да соопшти дека зголемувањето на акцизата нема да влијае на стандардот на граѓаните затоа што цената на горивата вртоглаво расте. Го измамија и излажаа народот. Реалноста е дека денешната одлука за покачување на цената на горивата и до 3 денари е дел од грабежот врз граѓаните и стопанството кој СДСМ го започна со покачувањето на акцизата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

За неполни две недели имаме покачување на цената на горивата за повеќе од 10 денари.

— реклама —

Првин беше нелогичното покачување на акцизата за 3.5 денари, потоа на 11 мај следеше покачување за нови 3.5 денари, за на 11 мај да имаме повторно покачување од 1 денар, денешното покачување во низа за период од две недели допринесе граѓаните да плаќаат 10 денари повеќе за литар бензин, во споредба од пред две недели.

Во ек на корона криза, кога економијата трпи огромни штети, давачките за горивото – основен енергенс и двигател на многу дејности дополнително се зголемуваат и тоа по директно барање од страна на СДСМ.

— реклама —

Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните и стопанствениците, само за да ги покрие дупките во буџетот кои се настанати од нивното неработење и недомаќинско управување.

— реклама —

СДСМ ја турка државата кон амбис, а граѓаните и стопанството кон општа сиромаштија. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања