Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ребалансот на буџетот, вели Колева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21-06-2022-Koleva

На дебаклот од митинг, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните и да го променат својот деструктивен начин на однесување.

— реклама —

Во време на најголема глобална економска и енергетска криза сите партии треба да го стават интересот на граѓаните на прво место и така да постапуваат.

— реклама —

Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, сега граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност.

Потребно е вклучување на сите капацитети во поддршка на граѓаните и политиките за зголемување на животниот стандард на граѓаните, поддршка на компаниите и мерките за справување со последиците од кризата.

— реклама —

Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините.

— реклама —

Оттука, ВМРО-ДПМНЕ преку своите пратеници во Собранието да даде поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.

Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања