Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает, потребна е седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Скопје изминатите денови беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето, вели СДСМ

— реклама —

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем.

— реклама —

За жал, сите Скопјани скапо ја плаќаат цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска.

— реклама —

Потребна е седница на Советот на Град Скопје посветена на мерки за загадениот воздух.

ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает туку да ги прифати мерките и предлогот на СДСМ за вонредна седница на Советот на Град Скопје.

За здравјето на граѓаните се работи.

СДСМ како одговорна партија предлага итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, чистење/миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања