Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ да побара од Ѓорѓиевски 100.000 евра наместо за партиски кадри да ги насочи кон граѓаните, побара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
sdsm

„ВМРО-ДПМНЕ да побара од Ѓорѓиевски 100.000 евра наместо за партиски кадри да ги насочи кон граѓаните“ стои во реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Додека од Белата плата глумат загриженост за граѓаните, шират лаги и невистини, нивните градоначалници ги расфрлаат народните пари на непродуктивни трошоци и партиација на општините.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски од една страна се жали дека нема пари за струја и парно, а од друга троши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, роднини, пријатели и медиумски мегафони на партијата.

— реклама —

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните треба да побара од Ѓорѓиевски наместо на партиски кадри да ги насочи овие 100.000 евра за граѓаните.

— реклама —

Светската економска и енергетска криза бара одговорност од сите, не само од Владата, која со пакетот од 26 антикризни мерки, во вредност од 400 милиони евра го заштитува стандардот на граѓаните и ликвидноста на економијата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања