Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО ДПМНЕ: Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори:

- Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра!?

- Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

- Колку бизнисмени биле жртва на Рекет!?

- Колку вкупно пари биле изрекетирани!?

— реклама —

Исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13  разговарале за болници.

Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира.

— реклама —

Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!?

Русковска бега од вистината. Затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала.

— реклама —

Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад Рекет стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен.

Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на Рекет, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања