Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВМРО-ДПМНЕ: Дали животите на граѓаните вредат помалку од луксузирањето на функционерите на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Македонија се гуши во неспособноста на Владата. Граѓаните се трујат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното загадување на воздухот. Црнила надвиснаа над нашата држава, црнила кои буквално ги гушат нашите граѓани и земаат илјадници животи секоја година. На удар се нашите најмили, децата, хронично болните и старите и изнемоштени лица, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Годишно повеќе од илјада луѓе се директна жртва на неспособноста на власта. Повеќе од 1 илјада граѓани се жртви на аерозагадувањето. Македонија за жал е прва во Европа само по аерозагадувањето, а 3 од 10-те најзагадени градови на континентот се наоѓаат токму во Македонија. Ова ли е планот за живот кој го најавуваше аболицираниот  Заев  како опозиција? За ваков ли повисок животен стандард говореше Заев кога бараше гласови за да дојде на власт?

— реклама —

Дали нашите најблиски кои ги губиме како резултат на енормното загадување на воздухот вредат помалку од луксузниот мебел и автомобили за чија набавка Владата ќе потроши 7 милиони евра додека за справувањето со аерозагадувањето само 1,5 милиони евра. Дали животите на македонските граѓани вредат помалку од удобството и луксузирањето на партиските и државните функционери на СДСМ“, се вели во соопштението.

— реклама —

Тие додаваат дека време е да се стави крај на калкуланството и поликанството кое го спроведува власта.

„Крајно време е животите на граѓаните власта да ги стави пред дневните политики и да ги прифати итните мерки кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во борбата против загадувањето, мерки кои ќе спасат илјадници животи!

Крајно време е да се стави крај на црнилата кои ги донесе Заев. Затоа придружете ни се по улиците на плоштадите, придружете ни се во борбата за нашето и здравјето на нашите деца. Придружете ни се во борбата со транзиционите политичари чиј единствен интерес се криминалните тендери и грантови. Ние сме зората која ќе ги однесе црнилата!

ВМРО ги повикува граѓаните во недела во Кочани на протестен марш против однародената и криминална власт и во среда пред Владата на Република Македонија“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања