Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
ipard-1140x401-1

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.

— реклама —

Во партиската реакција се посочува дека институциите веќе работат на расчистување на настанот и дека, по завршување на сите проверки и контроли, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за редовна процедура со цел обезбедување транспарентност и законитост во користењето на европските средства.

— реклама —

Од владејачката партија истакнуваат дека актуелната влада има јасна определба за борба против криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност, без оглед на функцијата или политичката припадност.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени наводите на СДСМ како обид за собирање политички поени и нагласи дека, според нив, опозицијата ја користи темата ИПАРД за политички напади, додека институциите, како што велат, постапуваат во рамки на своите законски надлежности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања