Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Денес се кажа НЕ на лошите политики на СДСМ, не се дозволи депонија на хаварисани возила во Драчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Денес  на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци!  Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

— реклама —

Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа НЕ на лошите политики на СДСМ.

По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.

— реклама —

Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина!

Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања