„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлог-законот за амнестија, СДСМ е против, а опозицијата не сака да членува во комисија за помирување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sobranie-3

— реклама —

— реклама —

Предлог-законот за амнестија за сите обвинети за собраниските случување на 27 април минатата година, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе во Собранието со барање за скратена постапка. СДСМ смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е мешање во работата на судството и дека ова прашање треба да се реши преку комисија формирана во Собранието. Денеска се очекува Владата да ги поднесе и уставните амандмани.

Со неприфаќање на предлог-законот за амнестија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, власта само ќе покаже дека е за една селективна правда во насока на она што се нарекува уцена на дел од пратениците, кои спротивно на својата волја, како обвинети и осудени, не може да донесат одлука по сопствена волја за едно вакво прашање како што се уставните измени.

Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку предлогот за амнестирање на сите инволвирани во случувањето од 27-ми април не се спроведе во една брза постапка во Собранието, тоа ќе значи само дека оваа капитулантска власт сака да спроведе само една селективна правда.

„Тоа ќе значи дека власта ќе сака да ги задоволи само оние пратеници кои прифатија поданички да ги поддржат капитулантските политики кои произлегуваат  од еден ништовен договор потпишан во Преспа“, рече Стоилковски.

Од друга страна, пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека разговараат со сите пратеници, и од опозицијата и од владеачката партија и коалицијата за помирување и подавање рака треба да ја спречи поделбата на општеството на партиска или која било друга основа. За него предлог-законот за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на Република Македонија. „Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење на правото“, рече Костадинов.

Од СДСМ најавуваат формирање на собраниска комисија за помирување која треба да ја води претседателот на Собранието Талат Џафери. Од опозициската пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие нема да учествуваат во работата на една комисија за која не се знае концепцијата за нејзината работа и крајната цел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања