Денес попладне ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе организира нов протест против владините политики.
Како и минатата недела протестниот марш ќе започне од плоштад ВМРО, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.
На минатиот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја повика владата да си даде оставка и побара предвремени избори и ги повика и граѓаните да им се придружат во нивната револуција.