„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната најава за набавки од Министерството за здравство е нов матен тендер во најава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

Најубавата честитка за граѓаните за 2019 која можеше Венко Филипче да ја даде денес беше да си поднесе оставка заради својата неспособност, уништување на здравствениот систем и криминогените тендери и јавни набавки кои се случуваа изминатата година во неговиот ресор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„И денешната нова најава за набавки од Министерството за здравство потенцијално е нов матен тендер во најава.

Филипче наместо да гради јавно здравство тој приватизира, наместо поголема достапност на лекови во аптеките граѓаните се соочуваат со недостаток, нема нов клинички центар, нема реновирање на болници, нема набавка на медицински апарати. Луѓе умираа чекајќи да бидат лекувани, затоа што парите се трошеа на лубриканти наместо за здравјето на граѓаните.

— реклама —

Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.

За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања