Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Дескоска го потврди непотизмот во Комисијата за полагање на правосуден испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
deskoska-1

ВМРО ДПМНЕ со Соопштение до јавноста, како реакција на фејсбук статусот на Рената

— реклама —

Дескоска...Во соопштението се вели:

Целиот скандал кој што се поврзува со комисијата за полагање правосуден испит го призна самата Десковска. Непотизмот е потврден. Тоа што министерката се правда со проценти, само говори дека работењето на целата власт на Заев се води од принципот на пазарџиство, проценти, покрај неспорната партизација и непотизам.

— реклама —

За Рената Десковска очигледно е малку што половина од членивте на комисијата ја сочинуваат партиски послушници и блиски роднини на функционери во СДСМ.

Да потсетиме кои се членовите на Комисијата за полагање на правосуден испит:

Антоанела Димовска, сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчeва

Љубомир Јовески, јавниот обвинител кој се поставува како адвокат на владините функционери.

Тања Милева, сопруга на членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев

пријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев, струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица

Александар Чичаковски, поранешен активист на СДСМ

Исмета Амет, која според пишувањата во медиумите е судијката што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, а нејзината ќерка беше активен член и на шарената “револуција”

Адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво е едно од најчестите добитници на средства од државни и јавни институции под контрола на Заев за адвокатски услуги.

Токму заради тоа што Дескоска се прави дека нема спорно во ваквите имиња, народот ќе ги казни на 12 април за сите нивни прекршување на закони, етички и морални правила.

Непотизмот, поразите, падовите во Македонија се поради Зоран Заев и ликови како Рената Дескоска. На изборите народот ќе ги казни и ќе каже Заев, никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања