Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче. Неспособноста на Заев и Филипче и неодговорниот пристап допринесе Македонија да има втор пик на коронавирус во јуни, во услови кога земјите од регионот немаат ниту еден новозаразен и по цел месец, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Зоран Заев и Венко Филипче ја политизираа и Комисијата за заразни болести, која наместо по лекарска пракса, работеше по политички диктат.

— реклама —

Оваа власт беше целосно неспособна да се справи со коронавирусот и останавме држава која е затворена. Оваа власт нема да може да се справи со евентуален трет пик на есен.

— реклама —

Последиците од првите два пика со СДСМ се задолжување и зголемување на буџетската дупка и до 1.4 милијарди евра, над 3.000 заразени и над 200 смртни случаи. Последиците од третиот пик со СДСМ би биле катастрофални за државата и граѓаните.

— реклама —

Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања