Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата.

— реклама —

ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал.

Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.

— реклама —

За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности.

— реклама —

Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката ,, евро за Вицето, евро за црквата '' и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања