Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
120190420_222432

Истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса. Наместо брза разрешница и истрага која ќе дојде главата на криминалниот октопод, гледаме како Русковска и Јовевски прават се за да ја заштита криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот Рекет. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а впрочем целата јавност е свесна дека тие се фасцилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска б.б.

— реклама —

До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“.

Не постои човек во Македонија кој верува дека Боки 13 и Катица Јанева рекетирале сами, а дека во најголемата криминална афера во историјата на Македонија не е вмешан човек кој е три пати амнестиран за крупен криминал.

— реклама —

Аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално - рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани.

— реклама —

Време е да се стави крај на трговијата со правдата, време е да се стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Македонските граѓани заслужуваат подобро. Македонија не смее, не може и нема да биде заложник на криминалецот Заев. Казната за криминалот на власта пристигнува на следните избори, а потоа секој оној кој што се огрешил пред законот како и оние кои го амнестираат криминалот ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања