Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Или уставни измени веднаш во Собрание, или оставка и избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Константните притисоците од власта на Ковачевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат.

— реклама —

Јасно му е тоа и на Ковачевски, па затоа на секаков начин се обидува да се задржи на премиерската фотелја што може подолго.

За да престанат притисоците од страна на власта кон пратениците, СДСМ и Ковачевски имаат избор и понуда од страна на претседателот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Доколку Ковачевски и СДСМ се сигурни дека имаат 80 пратеници, веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница.

Но, ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори.

— реклама —

Ако од власта се сигурни дека она што го прават е исправно еве им избор, или слугување на Бугарија и промена на Уставот или предвремени избори.

Ова е чесна и фер понуда. На потег е Ковачевски.

— реклама —

На националните предавства треба да им се стави крај. Секојдневните изјави од страна на бугарските политичари само го потврдува она за кое го говоревме, дека секој ден ќе пристигнуваат нови и нови услови и барања од страна на Бугарија кон оваа сервилна власт на чело со Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ е за европеизација, а не асимилација и бугаризација. Европеизација на Македонија да, но не под бугарски диктат. И за заштита на националните интереси пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто ќе опстојат на овој став“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања