Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Доцнат платите во МВР и армијата, Книги за учениците нема, само Заев е среќен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Доцнат платите во МВР и армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо. Хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери. Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи, се вели во сопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец. Власта троши на се, само за граѓаните не. Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род. Во Македонија владее хаос и незадоволство.

— реклама —
— реклама —

Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте. Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија, се вели во сопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања