Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: „Додека едно училиште се гради - другите скапуваат или се надеваат на донации за нешто да се поправи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
antoaneta

Неделава започна со работа основното училиште во Капиштец кое како капитален проект се интегрираше во развојната програма за Општина Центар уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со општината.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува оваа идеја и секогаш ќе се залага за интересите на граѓаните, но  градоначалникот Богдановиќ и одговорните во општината требаат да одговорат на неколку прашања за кои јавноста треба да биде запознаена, истакна Антоанета Трајковска од ВМРО ДПМНЕ.

- Од каде е обезбеден кадарот за новото училиште?

— реклама —

- Дали најдобриот наставен кадар од сите основни училишта во општината е пренесен не по сопствена волја во новото училиште?

- Дали отворањето на новото училиште е на сметка на укинувањето на целодневната  настава за децата од петто одделение во три училишта во општината?

- Би сакале да прашаме во кои простории ќе учат петтоодделенците од ОУ „Коле Неделковски"?

За нефункционалноста и неодговорноста на надлежните во општината, говори и фактот дека додека едно  училиште се гради - другите скапуваат или се надеваат на донации за нешто да се поправи или да се реконструира.

Апсурдот да биде поголем е што Општина Центар е една од најбогатата општини во државата.

Сликата во основните школи е следна: нефункционални спортски сали, нефункционални тоалети, глодари по ходниците, нехигиена и немање на основни услови за функционирање на наставата. Во некои училишта во кои на почетокот на учебната година започнати се и градежни активности па децата се гушат во прашина.

Кога Богдановиќ и секторот за образование ќе почнат да мислат на квалитетот на образованието на децата?

Како се чувствуваат што децата со посебни потреби останаа без своите асистенти, дали мирно спијат знаејќи во какви услови учат децата?

До кога ќе работите на штета на најбитната категорија во општеството, а тоа се нашите деца?

Наместо да ги водите напред, колку ли назад ги водите, праша Антоанета Трајковска.

  

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања