Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Европа бележи економски раст, сидрото на Заев ја закотви економијата на европското дно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ekonomija_pad-640x440

СДСМ и Зоран Заев ја уништија македонската економија и ги осиромашија граѓаните. Работата на владата за изминатите две години ја бележи  неспособност, криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Зоран Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно. За овие две години со СДСМ,  Македонија има раст од мизерни 2,05% кои се многу далеку од 5 или 7% кои Заев ги ветуваше.

— реклама —

Со секојдневните задолжувања на СДСМ долгот на државата е зголемен за нови над половина милијарда евра. Како резултат на задолжувањата, јавниот долг веќе изнесува повеќе од 5 милијарди евра и за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% од БДП.

За две години СДСМ потроши повеќе од 9 милијарди евра буџет, а граѓаните не видоа никаков бенефит. Две години со ред државата ги има највисоките буџети во историјата, а ништо не е подобрено, напротив се е влошено и никој не знае каде завршуваат парите на граѓаните.

— реклама —

Никаде ги нема новите болници,  училишта и студентски, а ги нема ни толку најавуваните 600 километри нови нов автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта.  За неработата на власта во инфраструктурата говори и фактот што автопатот Штип – Миладиновци кој ВМРО-ДПМНЕ го остави во завршна фаза,  СДСМ не се способни повеќе од две години да го пуштат во употреба.

— реклама —

Неспособната власт на СДСМ има најниска реализација на капитални инвестиции во историјата на државата.  За првите 4 месеци во 2019 тие изнесуваат 9,83% што е полошо од минатата година која беше најлошата година по реализација на капитални инвестиции.

Потврда за неработатата и неспособноста на СДСМ дадоа и германските инвеститори во Македонија кои  работата на власта во полето на економијата ја оценија со нула. Како последица на лошите политики висината на странските инвестиции во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал од минатата година.

— реклама —

Во овие две години сведоци сме на падови на сите економски полиња, а единствено што расте со се криминалот,  корупцијата и бизнисите на функционерите од власта.

СДСМ покажа дека не знае да обезбеди економски раст и да го подобри животот на граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ државата не може да има напредок, токму затоа неопходно е СДСМ веднаш да си замине за Македонија  и граѓаните да одат напред“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања