Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Шилегов глуми градски шарлатан, а Јани Макрадули спие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zagaduvanje

Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама. Петре Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години раководи со владата и нема суштински мерки против загадениот воздух, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДСМ не презема никакви мерки. Шилегов глуми градски шарлатан и игра игри, а заменик министерот за животна средина Јани Макрадули спие.

Едноставно СДСМ мува не ги лази што граѓаните наместо чист воздух со месеци дишат отров.

— реклама —

Додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и тоа:

— реклама —

-         Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија,

-         субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети,

-         субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,

— реклама —

-         забрана за употреба на петрол и кокс

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани и бараат веднаш, власта да ги прифати нивните предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.

— реклама —

„Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта. Директни жртви на црнилата кои надвиснаа над Република Македонија. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во борбата против ова зло на криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев.

Во недела нека ни се приклучат на протесниот марш во Велес со почеток во 13 часот како и наредната среда пред владата.

Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања