ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Додека министрите од власта без маски сечат торти, Спасовски покажа сила кон народот и растури Бадников оган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
badnik-ognovi

Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните. Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.

— реклама —

Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните.

Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа.

Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките за заштита од КОВИД-19, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат.

Пред само неколку месеци, кафеани и дискотеки во сопственост на луѓе блиски на власта, работеа непочитувајќи ги забраните и протоколите за справување со пандемијата. До ден денес не видовме ниту еден решен случај, а истите локали повторно си работат, непочитувајќи ги протоколите под заткрилата на оваа криминална власт.

Мерките и законите во оваа држава треба да важат за секого подеднакво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања