„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, функционерите на СДСМ се луксузираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

СДСМ си го покажаа своето вистинско лице. СДСМ покажа дека партиските состаноци и активности ги плаќаат граѓаните од свој џеб. СДСМ покажа дека се користат државни коли за партиски патувања и потреби. Државата е потчинета на партиските интереси на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Забеганоста нема крај. Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, партиските функционери на СДСМ се луксузираат со државни ресурси а МЕПСО нарачува луксузен мебел од телешка кожа. Тоа се вика аздисаност.

Зоран Заев и СДСМ бесрамно го спроведуваат планот да ја направат партијата држава, а државата партија.

— реклама —

СДСМ прави класична злоупотреба на државните ресурси за сопствени и партиски цели.

Наместо проекти и реформи за подобрување на животниот стандард, граѓаните на Република Македонија се сведоци на криминал, корупција, закани, уцени, непотизам, вработување на партиски војници, а сега уште и злоупотреба на државните ресурси.

Има 4 милиони евра годишно за 700 нови вработувања под државна капа а само едвај 1.5 милиони евра за проблемот со загадувањето од кој дневно умираат по неколку луѓе.

Народот не е должен да ги плаќа луксузирањата на неспособната и криминална влада на СДСМ, Зоран Заев и некадарните министри.

СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и се исплашени од предвремени парламентарни избори.

Но, за Македонија да оди напред, за граѓаните да живеат подобро мора овие црнила на криминалниот картел на власт да завршат. Зоран Заев мора да си замине час поскоро“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања