Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар поради локалната неспособност, СДС повторно шири дезинформации и се обидува политички да профитира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library41i42fea64aa6jqjvVF

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС се обидува да извлече политичка корист од состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, наместо да побара одговорност од локалните власти, за кои велат дека се поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари.

— реклама —

Од партијата истакнуваат дека владините институции активно работат на терен и преземаат мерки за целосно стабилизирање на состојбата. Според нив, бројот на граѓани кои бараат медицинска помош постојано се намалува, што, како што наведуваат, укажува на подобрување на состојбата.

Во соопштението се додава дека во наредните денови се очекува воспоставување редовно водоснабдување со технички исправна вода.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС во своите јавни настапи користи неточни информации и застарени извештаи, со што, според нив, создава непотребна загриженост и паника кај граѓаните, иако процесот на нормализирање е во завршна фаза.

— реклама —

Партијата потсетува и на, како што наведува, неточните тврдења на СДС за квалитетот на водата во Валандово, истакнувајќи дека вонредните анализи ги демантирале тие наводи.

Во реакцијата се посочува дека наместо, како што велат, да шири дезинформации, СДС треба да побара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат граѓаните да останат спокојни, нагласувајќи дека институциите преземаат конкретни мерки и дека процесот на стабилизирање на состојбата во Гостивар е при самиот крај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 21 час

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 2 дена

media-librarya6l17hb7v44f3fAbd3F

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања