Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО-ДПМНЕ: Додека власта си го брани криминалот, граѓаните живеат се посиромашно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

Криминалниот картел на СДСМ ја зароби Република Македонија и ги узурпира правдата и институциите.  Владеењето на СДСМ со државата во овие две години го одбележаа неуспеси, политички прогони, сиромаштија и неправди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта се стави во коалиција со криминалот и за да ги покрие своите матни зделки и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните почна да создава поделби и да ги гони неистомислениците.

— реклама —

Правдата која ја ветуваа стана секојдневна неправда. Десетици патриоти и  припадници на безбедносните сили се осудени без докази  на 211 години од единствена причина што не мислат како Зоран Заев и беа првите кои го кренаа својот глас против заевизмот, додека пак борци на ИСИС кои убивале луѓе и претставуваат опасност за секој еден граѓанин добија минимални казни затвор.

— реклама —

Патриотите  завршуваат во затвор, а криминалците слободно дивеат по улиците. Откако е СДСМ на власт државата е претворена во крвава арена. Сведоци сме на секојдневни престрелки и убиства по улиците и никој ништо не превзема . Виновниците и убијците шетаат на слобода, а граѓаните живеат во страв и паника грижејќи се за животите на сопствените деца.

— реклама —

Додека власта си  го брани криминалот со прогон на политичките неистомисленици, граѓаните живеат се посиромашно.   Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата,  економијата ни е најниска во Европа, младите забрзано се иселуваат, а власта се богати со криминални тендери во 4 очи и си ги згрижува најблиските во државните институции.

Земјоделието ни е клекнато на колена, пензионерите измамени, образованието тоне, а здравството наместо да го подобрат го упропастија и го направија здравство во кое се шират епидемии и умираат луѓе.

Се што видоа граѓаните од СДСМ се криминали, неправди, беда и неспособност.  Граѓаните повеќе не смеат да бидат жртви на погрешните и погубни политики на СДСМ. СДСМ мора да си замине за да може Македонија да оди напред.   Победата над СДСМ  на претседателските избори ќе донесе предвремени парламентарни избори  и тогаш граѓаните  ќе го казнат заевизмот и ќе се изборат за подобра иднина за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања