Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ: Доколку Заев не го одобрува преименувањето на училиштата нека донесе одлука на влада за поништување на одлуката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Заев и СДСМ креираат поделби и ги кршат законите.  Владата на СДСМ денеска незаконски ги промени имињата на училиштата „Никола Вапцаров“ и на „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и во „Имри Елези“ во Чаир.  Владата на СДСМ без одлука на Совет и без бадентерово мнозинство ги смени имињата на училиштата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Заев е лицемерен и без срам излегува да ја лаже јавноста. Заев знаел за оваа промена и ја одобрил, исто како што знае за одлуките на ЈО и Врховен суд.

— реклама —

Заев е човекот кој ја има ставено целата држава под негова контрола. Менувањето на имињата на училиштето се евтин популистички обид да добие гласови во Чаир.

— реклама —

Доколку Заев не го одобрува ова преименување нека донесе одлука владата која е на СДСМ за поништување на одлуката.

— реклама —

Лицемерно и тажно. Откако ги излажа граѓаните и не оствари 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, откако не ги направи автопатите кои ги вети, тој повторно игра на национал романтичарска карта.

Граѓаните сакаат иднина, сакаат развој, а не нови поделби. На криминалот и поделбите им доаѓа крајот на 12-ти април. СДСМ заминува во опозиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања