211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27-ми април ги погребаа правото и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција. Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици.
Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска судството суди како што Заев наложува, а Рускоска обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев. Тие се олицетворение на заевизмот, систем во кој правото и правдината се само мисловни именки.
16-те драконски казни за обвинетите во политичката монтировка наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихачка, стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, стравот од изборен пораз кој е се по извесен. Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење.
Крајот на политичка кариера на Заев е блиску. Тој избега од предвремени парламентарни избори, но волјата на граѓаните ќе победи на претседателските избори. Зоран Заев нема повторно да ги излаже граѓаните, а Пендаровски е само опачина на на неговиот лик и уште еден синоним за Заевизмот. 21-ви април ќе го означи почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев и враќањето на правото и правдината во Република Македонија“, се вели во соопштението.