Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Државата изби на прво место во светот по смртноста што го прави Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-6

Венко Филипче наместо министер е дилентат.

Венко Филипче лаже дека е поминат пикот исто како што лажеше дека ќе има само 2000 заразени, а само досега има 60 000 заразени и бројката се зголемува. Македонија изби на прво место во светот по смртноста. Венко нека го види дијаграмот и нека одговори дали тоа не е точно. Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е  реакција на прес конференцијата на Венко Филипче.

Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:

Денеска во Македонија имаме десетици починати секој ден, и секој ден е нов пик, а од почетокот на пандемијата до денес починати се вкупно 1630 луѓе. Тоа се наши блиски, браќа, сестри, родители или деца.

— реклама —

Филипче лошо се справува со кризата и е неспособен да го организира системот. Пациенти примаат инфузија во двор, лежат и примаат терапија до мртви, а стотици чекаат пред клиниките и со саати за да бидат тестирани.

За тестирање се чека и по неколку дена, а откако ќе се тестираат граѓаните чекаат исто толку долго за да добијат резултат. Откако ќе добијат резултат, нивната состојба често е и влошена, а болнички кревети нема и болниците низ државата се преполни.

Неспособноста на Филипче се огледа и во немањето на вакцини за сезонски грип во текот на целата есен.

— реклама —

Филипче нема концепт, а медицинскиот кадар е оставен сам да се справува. Здравството е буквално обезглавено.

Филипче наместо да шири демагогијаи да го брани Заев за националните катастрофи да се фати за работа во клиника, и да си даде оставка веднаш, само така ќе бидат спасени што повеќе животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања