Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ВМРО-ДПМНЕ: Два милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП гласаа СДС, Левица и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Власта во Град Скопје СДС, Левица и ДУИ гласаа речиси 2 милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левица и ДУИ со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиони евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Градот Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левица. Овие пари ќе се трошат на нови вработувања, тендери и набавка на резервни делови од омилените компании на Данела Арсовска.

— реклама —

Тајната коалиција стана јавна, а Арсовска покажа дека е личност чии раце се натопени во криминал.

— реклама —

Јавноста мора да знае дека неспособноста и неработата имаат име и презиме, а тоа се врзува со Данела Арсовска и јавната коалиција СДС, Левица и ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања