Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Две години крадоначалник Шилегов, две години назадување, криминал и измами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
29-ta-sednica-na-sovet-4

Петре Шилегов нема никаков отчет за сработеното, тоа е од едноставна причина бидејќи над 90 проценти од ветувањата не му се исполнети. Поминуваат полни две години, а Шилегов се крие да даде отчет бидејќи освен криминал и измами нема направено ништо за Скопјани. За време на Шилегов Скопје стана неславен рекордер во светот по загадениот воздух. 2.000 луѓе годишно умираат поради загадувањето, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

— реклама —

Нема ниту еден проект кој Шилегов го планираше, проектираше и отпочна со реализација. Додека реконструкцијата на улиците стана извор на корупција од која најплатени се струмичките компании блиски до власта.

Шилегов не прави отчет затоа што ништо не сработи.

— реклама —

Нема отчет зошто нема ништо од ветувањата за продолжување на Илинденска, кружен тек кај „Мавровка“, продолжување на „Словенечка“, шеталиште кај Кејот до ГТЦ наместо автопат, нов Луна Парк, но затоа имаше скапа прослава за нова автобуска кај ГТЦ и никна бетонски ѕид на кровот на ГТЦ.

Го повикуваме јавно на прес конференција да објави што вети и што несработи, да каже колку ги излажа скопјани и зошто е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања