Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја  губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница, велат од владејаката ВМРО-ДПМНЕ.

„Од Филипче и СДС нема анкети,  нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче.

— реклама —

Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДС, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДС?

— реклама —

Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДС.  Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДС, каде според прикажаните изборни резултати, СДС загуби со разлика од четири спрема еден.

Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС,  во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство.

— реклама —

Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност.

Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДС под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања