ВМРО ДПМНЕ: Две недели молк за бегството на Мијалков, дали намалувањето на казната на Мијалков е дел од договорот со Заев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mijalkov-sud-2-1

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена. Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата?

— реклама —

Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор?

Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија?

Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?

Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?

Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна.

Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања