Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ е доказ како од од голтарска се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
darko-kaevski

„ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција. Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава:

„Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела.

— реклама —

Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси.

Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата.

— реклама —

Затоа немаше пари за граѓаните, за поголеми плати, граѓаните паметет колку тешко живееа додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше.

ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања