Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет, кој е насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција.

— реклама —

Само според Заев и Ангеловска блескаме. Реалноста е сосема поинаква. Бројот на СДИ, никогаш не бил понизок. СДИ бележат огромен пад, имено во период јануари - јуни оваа во однос на ланската година имаме пад од 84.2% и тоа кога во земјите од регионот имаме рекордни инвестициски циклуси, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Катастрофална е ситуацијата и во економијата. Бројот на работници во индустријата во јули оваа година во однос на јули лани е паднат за 2.5%, односно на секој 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку.

— реклама —

Лоша е ситуацијата и во градежништвото. Како и во нивото на реализација на капитални инвестиции, чија бројка за првите 7 месеци е очајни 24.5%.

— реклама —

Зоран Заев и Нина Ангеловска не нудат мерки за решавање на овие проблеми, туку ги продлабочуваат. Затоа и се потребни итни предвремени парламентарни избори,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања