Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа, раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални.

Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:

— реклама —

·Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

·Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.

— реклама —

·Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.

— реклама —

·Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.

Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.

— реклама —

Оставаат опасна економска катастрофа.

Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања