Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија. Македонската економија со оваа неспособна власт го допре дното во Европа и не може да се носи ниту со земјите од регионот. Во ситуација кога економијата тоне, власта наместо развојни проекти нуди популистички мерки без ефект кои сериозно ја загрозуваат економијата и од кои единствено корист имаат компаниите блиски до СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Капиталните инвестиции и индустријата кои можат да ја придвижат економијата и да донесат развој со оваа власт имаат поразителни бројки. За првите 6 месеци од 2019 година капиталните инвестиции изнесуваат ниски  24,5%, што покажува дека СДСМ не се способни да го реализираат тоа што и самите го испланирале. Додека пак бројот на работници во индустријата е опаднат за 2,5% , што значи дека индустријата опаѓа, а економијата е во колапс.

Дополнително на тоа погрешните економски политики на СДСМ почнаа да ги одвраќаат инвеститорите. Затоа и странските директни инвестиции за првите 6 месеци имаат пад од 84,2% споредено со  минатата година и изнесуваат само 48,7%. За споредба соседна Србија за истиот период има  1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. Тоа е доказ дека е повеќе инвеститори наместо во Македонија се одлучуваат да инвестираат во соседството.

— реклама —

Власта веќе трета година ги троши најголемите буџети во историјата на државата,а ништо немаат сработено и граѓаните немаат никаков бенефит. Задолжувањето забрзано расте и за прв пат е над 5 милијарди евра, а заедно со тоа расте и сиромаштијата и заради СДСМ над 500.000 граѓани се под прагот на сиромаштијата.

Криминално рекетарската влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев секојдневно ја разграбува државата и ги донесе до питачки стап граѓаните на Република Македонија.

— реклама —

Со СДСМ и Зоран Заев Република Македонија секој ден се повеќе тоне.  Потребни се итни предвремени парламентарни избори за што побрзо да започне обновата на Македонија,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања