Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта, во целост ги поддржуваме барањата на камперите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
treska

Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта. Она што се случува во моментот таму е илигален грабеж и руинирање на она што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите.  Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото.

— реклама —

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска.

Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања