Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите од Брисел ги разобличија дезинформациите на СДС, ИПАРД продолжува и не е блокиран, а Реформската агенда напредува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДС и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче, свесно создаваат погрешна перцепција кај граѓаните и нанесуваат штета на институциите и процесите што се спроведуваат.

— реклама —

Брисел и Вајц ги потврдија фактите за тоа што СДС ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда. Со тоа целосно се демантираат повеќемесечните тврдења и обиди за ширење паника од страна на СДС и Венко Филипче, со кои свесно се манипулираше јавноста, особено земјоделците, преку неточни информации за наводно стопирање и губење на европски средства.

Брисел јасно потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека нејзината реализација продолжува непречено. Европратеникот Томас Вајц, дополнително истакна дека Македонија бележи напредок во спроведувањето на Реформската агенда.

— реклама —

Фактите покажуваат дека по случувањата во Платежната агенција, институциите реагираа навремено, процесите беа привремено стопирани исклучиво заради проверка, а Брисел беше целосно информиран и побарана беше темелна контрола. Извештаите потврдуваат дека системот функционира согласно законските прописи и дека не се утврдени злоупотреби.

Исто така, јасно е потврдено дека изјавите на кои се повикува СДС се извадени од контекст и се од постар датум, без допир со актуелната состојба.

СДС лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани.

СДС да престане со конструкции и лаги, јавната комуникација треба да се темели на проверени и точни информации, со цел да се избегне дезинформирање на граѓаните и непотребно внесување несигурност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и институциите продолжуваат со фокус на реформските процеси, стабилна реализација на европските програми и забрзување на евроинтегративниот пат на државата“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања