Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата Ковачевски се богати на грбот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovachevski-kovacevski


Рамо до рамо, СДС до ДУИ, за тендери, криминали и лични богатења на функционерите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„За криминалците на СДС и ДУИ, небитно е што секој ден стопанските комори бараат помош од државата, а синдикатите бараат поголеми плати за работниците, ним најбитни им се тендерите и богатењето. Додека замрзнуваат, па одмрзнуваат, па ги ревидираат цените, а граѓаните не може да си ги купат ниту основните прехранбени производи пред празниците, Владата на СДС и ДУИ само со еден потпис на Груби им го зголеми богатството на фамилија Ковачевски“, додаваат од опозициската партија.

Со одлука и потпис на Артан Груби, како што истакнуваат, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари за м2.

— реклама —

„За околу 1.300 евра, фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска, добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119 м2. Една седница на Владата потпишува Ковачевски, а се богати Груби, наредна седница на Владата потпишува Артан, а се богати Димитар.

— реклама —

Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот што го прави брат му со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10 д. Потписот на Груби не го скрива фактот, како и судирот на интереси, дека Владата предводена од Ковачевски доделува земјиште на сопругата на Ковачевски“, истакнуваат во соопштението од партијата на Мицкоски.

Оценуваат дека ваквата одлука на Владата, со која ѝ се доделува државно земјиште на сопругата на Ковачевски, е само доказ за целосната одлепеност и забеганост на криминалците од СДС и ДУИ.

— реклама —

Бараат Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори случај за овој, како што велат, еклатантен пример за судир на интереси.


[ad_2]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања