Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е на страната на бугарските барања, ние ги браниме македонските интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3j9qo3g0emahd5ULAHH

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, застанал на страната на бугарските барања за уставни измени, додека владејачката партија, како што велат, останува на позицијата за заштита на македонските национални интереси.

Според ВМРО-ДПМНЕ, уставните измени не се последен, туку прв услов во низата барања што Бугарија би можела да ги поставува кон Македонија во иднина.

— реклама —

„Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од партијата ја критикуваат политиката на поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека ја довела државата во подредена позиција и создала простор за постојани уцени кон Македонија.

Во реакцијата се посочува дека Филипче е „најгласниот промотор“ на политиките поврзани со уставните измени, додека ВМРО-ДПМНЕ, според нив, води принципиелна политика во одбрана на националните интереси.

— реклама —

„Над 80 проценти од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додека од другата страна специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси“, велат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија нема да прифаќа нови условувања, ниту ќе дозволи националните интереси да бидат жртвувани за политички цели.

„Македонија нема да тргува со својот идентитет. Времето на капитулации заврши“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања