„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-Slaveva

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека.

Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?

— реклама —

Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството.

Но, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена.

Филипче треба да даде одговор за сите скандали кои го тресат здравствениот систем, а на интервјуа не споредува со земји членки на ЕУ од кои сме светлосни години далеку.

Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе. За ова одговорност треба да поднесе пред граѓаните и неговиот шеф Заев, истакна Славева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања