Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по месец дена реши да воведе превентивни мерки околу загадениот водух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

„Филипче по месец дена, и по толку апелирање на граѓаните дека е загаден воздух реши да воведе превентивни мерки.

Откако се наполнија клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми, Филипче реши да се разбуди од зимскиот сон.

Додека Клиниката „Козле“ се повеќе се полни со болни деца поради загадениот воздух Филипче се јави

Не испушти прилика и да се пофали на својата прес конференција со смешната мерка за доделување на маски на загрозените лица.

Наместо празни ветувања и работи кои што не можат да го спречат загадувањето и да ја намалат штетата од истото за граѓаните, Филипче треба да ги примени мерките за спречување на енормното загадување на воздухот предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

1. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.

— реклама —

2. Да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната.

3. Да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

— реклама —

4. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.

И дел од тие мерки да примени за доброто на граѓаните.

Филипче преставува карцином на македонското здравство.

— реклама —

Филипче и неговите блиски освен богатење и полнење џебови со пари друго ништо не прават.

Време е Филипче да си оди од здравството, бидејќи граѓаните заслужуваат поквалитетно здравство и услуги.

Ова црнило од македонското здравство треба што побргу да се отстрани за подобро на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања