Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
brane-petrusevski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја поддржува политиката на официјална Софија и дека со таквиот пристап ѝ штети на Македонија и на сопствената партија.

„Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, решително се ставија на страната на официјална Софија“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Според него, токму таквиот однос е причината за падот на поддршката за СДСМ кај граѓаните.

— реклама —

Петрушевски оцени дека Филипче безусловно ги прифаќа барањата за внесување на Бугарите во Уставот, иако, како што рече, е свесен дека барањата не завршуваат тука и се однесуваат и на прашања поврзани со македонскиот идентитет и историја.

„Го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, како човек кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додаде дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја става Македонија и националните интереси на прво место.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред сè останато и работи за доброто на секој граѓанин. Истовремено, чекори кон исполнување на европските вредности и нивна секојдневна примена“, порача Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања