Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС велат „Македонија не е на продажба“, а токму тие ги распродаваа националните интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

— реклама —

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

— реклама —

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

— реклама —

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е дебакл на СДС како последниот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library7ucv8401fm8a7n8VVRD

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ја развиваме Брвеница

Македонија | пред 6 дена

k15

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања