Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Германските инвеститори потврдија за неспособноста на владата на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Криминалот и корупцијата на владата предводена од Зоран Заев ја влечат македонската економија надолу. Потврда за неспособноста на владата на СДСМ дојде и од германските инвеститори кои со нула ја оценија нејзината работа во економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Германските инвеститори во земјава потврдија дека СДСМ во овие две години ништо не сработи освен што ги распродаде државните интереси.  Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери на картелот на власт  како и правната несигурност која создава СДСМ во државата.

Дури и семејството на Зоран Заев не верува во неговите политики и затоа почнаа да бараат иднина за сопствените бизниси во соседна Бугарија.

— реклама —

Оценката на 200 германски фирми за работата на владата на СДСМ ги потврди сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од изминативе две години дека додека СДСМ ги продава државните и национални интереси, државата тоне и сите можни полиња бележат неуспех.

Откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе осиромашуваат, над  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а младите заради бесперспективноста која ја создава власта забрзано се иселуваат.

Секојдневно се задолжуваат, а граѓаните не гледаат никаков бенефит. Како резултат на задолжувањата на СДСМ  јавниот долг за прв пат во историјата а државата надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%.

Неспособноста на власта ја покажува и нивото на реализација на капиталните инвестиции кое е најниско досега.  За првите  два месеци тие изнесуваат мизерни 3,53% што ни кажува дека и оваа година како и минатата нема да успеат да реализираат ни половина  од капиталните инвестиции кои самите си ги проектираат.

Економијата тоне, образованието уништено, земјоделието е на колена, здравство во кое умираат луѓе,  младите се иселуваат, пензионерите се излажани. Буквално цела држава се распаѓа како резултат на криминалот и неспособноста на СДСМ.

Со СДСМ Република Македонија само уназадува. Граѓаните не носат розеви очила како Зоран Заев и токму затоа ќе го казнат за сите погубни политики.  СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат за Република Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања