Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Ковачевски и Пендаровски дека директно работат за бугарските клубови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-pendarovski

Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Пендаровски не може да премолчи изјава која ја даде по Совет за безбедност. Тој излезе и како заклучок кажа дека агентурни мрежи стојат зад говорот на омраз и за антимакедонското расположение кое се креира. Пендаровски да каже кој ги мотивира и создава негациите кон Македонија, јазикот, историјата и нацијата.

— реклама —

Пендаровски и Ковачевски имаат обврска да ги заштити граѓаните и во најкраток временски рок да информираат за се што знаат, а е на штета на државата во однос на односите со Бугарија.

— реклама —

Истовремено со месеци институциите не преземаат активности за говорот на омраза и дозволуваат негации на нацијата и историјата. Власта преку финансиските институции треба да го утврди и потеклото на парите од кои се финансирани бугарските клубови.

— реклама —

Ковачевски и Пендаровски да не глумат коментатори и да преземат активности кои со закон се должни, а со цел да спречат негации на државата, нацијата и јазикот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања