Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest-vmro-dpmne-11

„ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Уште еднаш го повторуваме ставот дека, за ВМРО-ДПМНЕ, почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува на Владата, наместо на криминал и корупција, конечно да почне да размислува за преземање на активности кои, во согласност со новонастанатата ситуација, ќе спречи натамошен раст на цената на енергенсите, односно натамошен раст на инфлацијата и вкупно урнисување на уништената од криминал и корупција македонска економија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања